Електричните комерцијални возила се иднината – претставен Peugeot e-Expert. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Електричните комерцијални возила се иднината – претставен Peugeot e-Expert.

Peugeot продолжува со електрификацијата на својата гама – денес го претстави целосно-електричниот e-Expert.

Полека но сигурно, гледаме сè повеќе електрични возила – а токму e-Expert е чекор во целосната електрификација на комерцијалните, доставни возила. Бидејќи полнењето на батериите на електричните возила е навистина евтино, очекуваме дека бизнисите забрзано ќе почнат да ги прифаќаат ваквите автомобили. Peugeot чекори нанапред и со слоганот #UnboringTheFuture ги информира своите потенцијални клиенти за возбудливиот период кој следи – бидејќи францускиот бренд подготвува електрични верзии од сите свои модели. Клиентите, кај еден ист модел, имаат можност да избираат помеѓу конвенционални мотори и 100% електрични. Моќта на изборот е моќта на брендот.

Удобен и практичен за сите услови и работни места, со голем товарен простор, работен простор кој го олеснува секојдневниот живот, со врвна технологија и робустен дизајн, новиот е-Expert овозможува и неограничен пристап до сите делови во градот, па дури и во центарот на градот каде метежот е поголем и достапноста помала.

Понатаму, со e-Expert, Peugeot им овозможува на купувачите да ја изберат вистинската изведба – купувачите ќе можат да изберат помеѓу две нивоа на автономија и потенцијален досег до 330 киломоетри (според WLTP мерењата), три различни должини на возилото и максимална носивост до 1275 килограми. Понатаму, бидејќи инженерите на Peugeot „си ја завршиле домашната работа“, не е направен компромис во однос на товарниот простор, кој е идентичен како кај моделите со мотор со внатрешно согорување.

e-Expert нуди три режими на возење – Eco, Normal и Sport. Овие режими наоѓаат своја примена за секојдневното користење, па Eco режимот нуди 60 kW и 190 Nm со што нуди максимална автономија. Normal режимот нуди 80 kW и 210 Nm, за секојдневна употреба, дoдека Sport режимот нуди 100 kW и 260 Nm, односно максимални перформанси кои се потребни при транспорт на потежок товар.

Поврзано:  Во салонот на Peugeot пристигна големиот 5008

Како што веќе напоменавме, ќе се нудат повеќе должини на e-Expert. Сите верзии (Compact, Standard и Long) можат да се добијат со батерија со капацитет од 50 kWh, која овозможува автономија од 230 километри според WLTP, a Standard и Long верзиите ќе можат да се добијат и со поголема батерија со капацитет од 75 kWh, која овозможува автономија до 330 километри.

Секако, Peugeot не заборава ниту на гаранцијата, за која купувачите неретко поставуваат прашања. Од Peugeot кажуваат батеријата ќе доаѓа со гаранција од 8 години, односно 160.000 километри, по чие изминување батеријата ќе има капацитет од најмалку 70%. За време на гаранцискиот период, Peugeot врши замена на батеријата, во случај да нема механичко оштетување на истата.

Електричниот Peugeot e-Expert ќе биде достапен на пазарот од крајот на оваа година, и со него францускиот бренд ќе има уште еден целосно-електричен модел во својата гама. Peugeot веќе најави дека сака целосно да ја електрифицира својата гама до следната година, и како им тргнало…



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.