Continental советува: Зошто не треба да ги возиме зимските пневматици во лето? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Continental советува: Зошто не треба да ги возиме зимските пневматици во лето?

Вонредната состојба не би требало да биде изговор за небезбедно возење – всушност, треба уште повеќе да внимаваме на безбедноста. Дали ги заменивте зимските пневматици со летни?

Како и секоја година, кога временските услови и законските правила ќе дозволат, време е да ги замениме зимските пневматици со летни. Најдобро е да се водиме по правилото „Седум Степени“ – односно, кога температурата ќе достигне околу 7°C, летните гуми треба „да се вратат во игра“.

Подолу пренесуваме неколку совети и придобивки од навременото заменување на зимски пневматици со летни, кои доаѓаат директно од Continental:

Летните пневматици нудат подобрена безбедност во потоплите делови од годината.

Летните гуми се направени од специјални гумени соединенија кои се потврди во однос на зимските. Зголемената тврдина всушност значи помала деформација на блоковите кои се дел од нагазната површина – а во лето и при повисоки температури, тоа значи многу подобри перформанси во однос на зимските гуми, како и пократки дистанци на сопирање. Тоа директно значи поголема безбедност на повисоки температури.

Екологија и економичност

Летните гуми имаат понизок отпор на вртење во однос на зимските гуми – а тоа директно придонесува кон пониска потрошувачка на гориво, што пак ги прави овие гуми поекономични и поеколошки. Како за планетата, така и за вашиот паричник.

Намалена бучавост

Од Continental потсетуваат дека летните гуми произведуваат помалку бучавост во однос на зимските. Бидејќи нагазната површина е поцврста, помала е деформацијата на материјалот – а тоа пак ја намалува бучавоста и летните гуми се подобар избор кога станува збор за комфорот во возењето.

Отпорност кон високи температури.

Смесата од која се изработени летните гуми е дизајнирана за широк распон на температури и различни услови на патот. Возење со зимски гуми по жежок асфалт, или пак по регионален пат по кој има ситни камчиња ќе резултира со забрзано трошење и пукнатини по нагазната површина. Токму поради мекиот материјал од кој се изработени, зимските гуми се понаклонети кон механички оштетувања.

Дополнително, Лука Шировник, шефот на техничката служба за корисници во Continental Adria го даде своето мислење и за All-Season пневматиците. Тој ги препорачува овие пневматици на сите оние кои живеат во региони каде нема екстремни зими и кои избегнуваат возење по снег, но додава – „поради нивните физички ограничувања, All-Season гумите за сите годишни времиња се компромис меѓу навистина квалитетни зимски и летни пневматици. Секако декас е подобар избор за летните температури во однос на зимските гуми, но само летните пневматици можат да понудат највисоко ниво на безбедност и удобност кога температурите ќе надминат одредена граница.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.