CarWow објавија нов двобој помеѓу голем електричен седан и супер-спортскиот роудстер – и тоа на авионска писта.
На изглед натпреварувачите се тотално различни, но по перформанси се многу блиски. Новиот Tesla S Performance располага со 825 кс и масивни 1,300 Nm вртежен момент. Од другата страна, Lamborghini Aventador S е погонуван од 6.5-литарски V12 агрегат со 740 кс и 690 Nm. Секако тука е и големата разлика во тежина, која изнесува 2,241 килограм кај моделот на Tesla и 1,625 килограми кај моделот на Lamborghini.
Погледнете ја директната споредба и уживајте!