ПРЕМИЕРА: ABT RS6-R е 740-коњско караванско лудило! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: ABT RS6-R е 740-коњско караванско лудило!

Тјунерите од ABТ му посветија внимание на новиот мега-караван од Инголштад – па сега моќниот Audi RS 6 е навиен на импресивни 740 коњски сили!

ABT RS6-R добива редизајниран преден браник со карбонски сплитер, карбонски предни крила, нови странични прагови, огромен спојлер, 22-инчни тркала, нов дифузер… Но покрај сето тоа, добива и екстензивна преработка на моторот (во форма на нови турбополначи, нов интеркулер, софтверска доработка и нов издувен систем) – па сега 4-литарскиот твин-турбо V8 бензинец испорачува скоро неверојатни 740 коњски сили и 920 Nm вртежен момент. Што значи тоа во перформанси? Катапултирање до 100 километри на час за само 3.2 секунди и максимална брзина која… Сега за сега, не ја објавуваат!

Секако, модификациите не завршуваат таму – моќниот караван добива и нагодлива суспензија, ABT анти-рол зајакнувања, како и мал милион додатоци во кабината. Од ABT кажуваат дека планираат да направат само 125 примероци од моќниот мега- караван – и дека покрај цената за Audi RS 6, ќе треба да доплатите уште 69.900 Евра. Ситница!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.