Трета Red Dot награда за дизајн за Škoda Octavia – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Трета Red Dot награда за дизајн за Škoda Octavia

40 различни експерти разгледуваат околу 6500 продукти – и токму затоа третата Red Dot награда која ја добива Skoda Octavia е особено важна!

Škoda Octavia ја освои својата трета Red Dot награда за исклучителен дизајн. Прв пат ја доби во 2006, потоа во 2017 – и сега пак, чешкиот бестселер доби навистина престижно признание. Red Dot Award наградите ги доделува жири од околу 40 различни експерти кои доаѓаат од сите делови на светот. Оваа година разгледаа преку 6500 продукти, а Octavia го доби признанието благодарение на нејзиниот емотивен стајлинг, скулптурирани дизајн елементи и елегантните, динамични пропорции.

Christian Strube, член на одборот на Škoda задолжен за технички развој истакна дека „Ние во Škoda им нудиме на купувачите исклучителна вредност за дадените пари, а ова се рефлектира во просторноста и секојдневната корисност на нашите автомобили, како и конзистентната дизајнерска филозофија. Освојувањето на Red Dot наградата за новата Octavia е добредојдено потврдување за одличната работа на нашиот дизајнерски тим.“

Меѓу другото, Red Dot наградите за дизајн разгледуваат критериуми како иновативност, квалитет на дизајнот, функционалност, долготрајност и еколошки импакт. Red Dot наградите се доделуваат веќе 65 години и се глобален сведок за исклучителен продукт дизајн. Новата Octavia ветува дека ќе биде особено интересна, а ќе се нуди во неколку различни верзии – меѓу кои и плаг-ин хибридната спортска изведба со ознака RS iV.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.