Ford се вклучува во борбата против COVID-19 – ќе произведе 50.000 вентилатори! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford се вклучува во борбата против COVID-19 – ќе произведе 50.000 вентилатори!

Ford објави дека заедно со GE Healthcare ќе произведат 50.000 вентилатори во следните 100 дена.

Ford и GE (General Electric) се вклучуваат во борбата со COVID-19. Компаниите објавија дека во следните 100 дена ќе произведат 50.000 примероци од вентилатор дизајниран од Airon Corp. Овој вентилатор ќе ја носи ознаката GE/Airon Model A-E и е особено интересен бидејќи работи на воздушен притисок и за неговата работа не е потребна електрична енергија. Airon Corp сега за сега може да произведе само три примероци од овој вентилатор на ден, но благодарение на огромните ресурси и експертизата на Ford, таа бројка значително ќе порасне.

Ford ќе ја искористи Rawsonville која се наоѓа во Мичиган за да произведува вентилатори. Од компанијата кажуваат дека сакаат да произведат 12.000 вентилатори до крајот на Мај, односно 50.000 вентилатори до 4ти Јули. Дополнително, откако ќе бидат произведени тие 50.000 вентилатори, од Ford кажуваат дека дополнително можат да произведат до 30.000 вентилатори месечно доколку е потребно.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.