RUF го престави новиот Rodeo Concept, кој e технолошки напреден спортист со ретро изглед и теренски способности.
Концептот е базиран на претпоследната генерација на Porsche 911 и успешно ги комбинира напредните технологии со иконскиот дизајн на историскиот Porsche 911 од 1975 година. Тој е дизајниран да биде погонуван од природно аспирирани или турбо-полнети RUF боксер агрегати со шест цилиндри, во верзии од 510 до 700 кс.
Боите на концептот се инспирирани од Вестерн колекцијата на Ралф Лорен од 2011 година, a каросеријата е опремена со дополнителни светла, специјален држач за багаж, дебели теренски пневматици и преден штитник обложен во кожа. Над поклопецот на моторот е монтирана и лопатка, наменета за користење при заглавување во песок.
За ентериерот, RUF користеле кожа за обложување на повеќето површини и ги замениле фиоките на вратите со џебови од седло. Средишниот дел од седиштата е изработен од ткаенина со Навахо инспирирана текстура, која потсетува на каубојците и индијанците што лутале низ дивиот запад.