Овогодинешното издание на традиционалниот автомобилски саем во Женева, кое требаше да започне следната недела ќе биде откажано.
Откажувањето следува по одлуката на Швајцарската влада да ги откаже сите настани со повеќе од 1,000 луѓе до 15ти Март, поради страв од ширење на заразниот вирус. Овие вести доаѓаат само два дена по решението на организаторите да продолжат со подготовки на познатиот саем и покрај повлекувањето на неколку брендови од изложбата. Сега Швајцарската влада ги надвладеа организаторите и ги присили да го откажат саемот.
Саемот се оджува секоја година од неговиот почеток во 1905 година. Ова е само втор пат саемот во Женева да биде откажан, после многу долг период по првото откажување во 1946 година. Навистина е штета, но не е за изненадување кога ќе се земе во предвид зголемувањето на бројката на заразени во Швајцарија и блиската Италија.