Магазинот Carwow ги спротивстави силите на моментално најсилните фамилијарни автомобили на долга авионска писта во забрзување, меѓузабрзување и сопирање.
Со појавувањето на новата генерација на Audi RS6, дојде време да се направи нова споредба со неговите конкуренти. Спецификациите на сите вклучени модели стојат вака:
- Audi RS6 – 600 коњски сили, 800 њутн-метри и 2075 килограми
- Mercedes-AMG Е63s – 612 коњски сили, 850 њутн-метри и 2060 килограми
- BMW M5 Competition – 625 коњски сили, 750 њутн-метри и 1940 килограми
- Porsche Panamera Turbo S – 680 коњски сили, 850 њутн-метри и 2400 килограми
Според односот на силата наспроти тежината, се чини дека шансите се најнаклонети кон моделот на BMW, а најмалку наклонети кон претставникот од Porsche. Да погледнеме дали е така: