Новиот Evoque доби признание, изгласано од возачи ширум Европа – луксузниот компактен SUV доби награда од германскиот Auto Motor und Sport.
Луксузниот британски компактен SUV го доби признанието Best Imported Compact SUV & Off-Road Vehicle, како дел од Readers’ Choice наградите на Auto Motor und Sport. Награда доби и Jaguar F-Type Convertible, кој го освои третото место во категоријата на Imported Convertibles.
Felix Bräutigam од Jaguar Land Rover ја прими наградата во Штутгарт и изјави дека „токму овие награди се меѓу најважните барометри за автомобилската индустрија, и затоа сме возбудени дека жирито од читатели одбира победници токму од Jaguar и Land Rover секоја година. Со доделувањето на првото место на новиот Evoque, повеќе од 100.000 читатели го наградуваат неговиот уникатен пристап, но и дизајнот и иновативните технологии.“
Инаку, ова не е прв пат Evoque да го добие токму ова признание – првата генерација го освои истото признание во 2015, 2016 и 2017.
Ние новиот Evoque го возевме минатата година и нашиот тест на луксузниот британски компактен SUV можете да го прочитате тука.