Чешкиот бренд денес потврди дека првиот електричен SUV на брендот – кој воедно ќе пристигне на пазарот во текот на оваа година – ќе се вика ENYAQ.
Од Škoda кажуваат дека името доаѓа од ирското име Enya, кое пак значи „извор на животот.“ Со последната буква Q нагласуваат дека е дел од SUV гамата на Škoda, а буквата Е на самиот почеток на името всушност дополнително кажува дека се работи за електричен автомобил.
Сега за сега немаме никакви дополнителни информации, но знаеме дека Enyaq ќе биде поставен на MEB платформата на Volkswagen групацијата која е наменета за електрични возила. Škoda планира да има повеќе од 10 различни електрични модели во својата гама, а сите тие ќе бидат лансирани со iV ознаките.