Дејан Христов го создаде совршениот Land Rover Mini Defender – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дејан Христов го создаде совршениот Land Rover Mini Defender

Минатата година се појавија гласини дека Land Rover планира да претстави помал теренец, кој ќе биде инспириран од Defender, a сега Македонскиот дизајнер Дејан Христов ни ја прикажува неговата визија како тој ќе изгледа.

Во дизајнерскиот дух на оргиналниот Defender, визијата на Христов се одликува со прави линии и рамни површини, како и модерно интерпретирани линии на профилот. Тука се и препознатливите дизајнерски елементи како панорамското стакло над задната клупа како и отворите на тркалата во форма на шестоаголник.

Гледајќи го од напред, теренецот е веднаш препознатлив како Land Rover, благодарение на неговата предна решетка. Светлата се посебно интересни бидејќи се едноставни LED ленти, уредно инкорпорирани во предниот дел, а на една од верзиите Христов има вметнато и LED светла во аглите на решетката.

Од останатото, теренецот е обликуван со рамен кров и коцкасти странични ретровизори и е прикажан во изведби од три и пет врати. На задниот дел, најзабележливи се високопоставените LED светла и покривката на резервното тркало.

Новиот помал Defender се очекува да пристигне во 2021, а доколку изгледа приближно добро како замислата на Христов, веруваме дека ќе биде вистински хит на пазарот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.