Ова се финалистите за првите награди Златно Тркало! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ова се финалистите за првите награди Златно Тркало!

Со задоволство можеме јавно да ја објавиме листата на автомобили кои се финалисти во првото издание на наградите Златно Тркало!

Во согласност со правилата на Златно Тркало, во првата фаза заедно со колегите ја објавивме пошироката листа на автомобили кои ги исполнуваат условите за квалификација. Импортерите одлучија кои возила ќе ги номинираат и веќе сме подготвени да одиме понатаму.

Одиме понатаму со следниот чекор од Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил. Со гордост можеме да ја објавиме листата на финалисти кои ќе учествуваат во инаугуративното, прво издание на наградите. Оваа година учествуваат дури 14 автомобили, поделени во пет различни категории. Еден автомобил може да учествува во една или повеќе категории, а наскоро и вие  – нашите читатели ќе имате можност директно да учествувате во изборот – со тоа што ќе го дадете вашиот глас во секоја поединечна категорија.

Следниве денови ќе следи детално промовирање на сите учесници – многу од автомобилите веќе сме ги возеле и тестовите се објавени, а во идните денови очекувајте многу повеќе.

А сега, еве ги финалистите:

Најпосакуван Градски Автомобил

Најпосакуван Бизнис Автомобил

Најпосакуван Семеен Автомобил

Најпосакуван Електрифициран Автомобил

Главна Награда

Во следните 30 дена ќе следат активности околу презентирање на сите финалисти, а наскоро ќе биде отворено и јавното гласање. Колку за потсетување, доделувањето на наградите Златно Тркало го организираме ние, како и нашите колеги од Авто Плус, Cars by Vik и RPM.mk. Ќе биде интересно, следете нè!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.