Иновативниот Citroen Ami One Concept беше награден со Големата Награда за Градска Мобилност, која ја доделува специјално жири кое го сочинуваат врвни експерти.
„Нашата компанија е горда на оваа Голема Награда за Градска Мобилност, бидејќи токму оваа тема е вистински предизвик за иднината на Citroen. Низ минатите 100 години, нашиот бренд секогаш демонстрираше иновативност и креативност, со цел да понуди повеќе слобода за движење на што е можно повеќе луѓе – каков што беше случајот со 2 CV. Со новиот Ami One Concept, Citroen повторно нуди глобално решение за урбаната мобилност – компактен, безбеден, електричен, достапен и дигитален. Оваа идеја не е случајност – и наскоро ќе продолжиме понатаму со неа.“ – изјави Vincent Cobee, извршниот директор на Citroën.
Инаку, токму со овој концепт, брендот претстави храбар пристап кон решавање на проблемот на урбаната мобилност – односно, одговор на новото однесвуање на купувачите и предизвиците на пренесување на енергија. Ултра-компактниот електричен, модерен и заштитнички, Ami One Concept нуди слобода на движењето на двајца во градот. Дигиталните технологии се во сржта на урбаната мобилност, и токму тука Ami One Concept ја наоѓа својата приказна.