Новиот Peugeot 208 официјално претставен и во Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Peugeot 208 официјално претставен и во Македонија

Новиот урбан супермини на Peugeot – моделот 208 – денес и официјално беше претставен пред македонската јавност.

„Unboring the future е слоганот кој Peugeot го дава своето ветување дека иднината нема да биде здодевна. Со ова брендот кажува дека предизвикот е прифатен и модел по модел започнува да ги претставува возилата на иднината. Постојат одредени елементи кај новиот Peugeot 208 со кои заслужено го привлекува вашето внимание. Ние сме подготвени да ги задоволиме барањата на најпребирливите клиенти. Јасно ја следиме нашата стратегија за репозиционирање на брендот неколку склалика повисоко, а со тоа смело предизвикуваме потенцијални клиенти од премиум круговите.“ – изјави Ивана Манчева Михајловска, Маркетинг директор.

Нам новиот 208 веќе ни е добро познат – го возевме кон крајот на минатата година на неговата официјална презентација во Португалија. Уште тогаш, компактниот 208 ни остави мошне позитивни впечатои и Peugeot уште еднаш го истакна својот став – а тоа е дека сака да се бори со моќните, премиум конкуренти.

На нашиот пазар новиот 208 се нуди во четири новоа на опременост – Like, Active, Allure и GT Line. Цената новиот 208 се движи од 12.990 Евра за бензискиот PureTech мотор со 75 коњски сили, па се до 22.660 Евра за GT-Line изведба со 1.2-литарски турбо-бензинец со 130 коњски сили и 8-степен автоматски менувач. Секако, во понудата можете да најдете и дизелски изведби, а најавено е дека и електричниот e-208 ќе пристигне и на нашиот пазар.

За повеќе информации, прочитајте ја нашата репортажа од првото возење на 208, а посетете го и сајтот на Peugeot.

Поврзано:  ТЕСТ: Peugeot 208 1.2 Puretech Active - Храброст и боја во градското сивило

Фотографии



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.