SEAT продолжува да објавува детали од новиот Leon – чија премиера веќе знаеме дека е закажана за само две седмици.
Познавачите на SEAT ќе препознаат детали – задната светлосна група наликува на онаа на Tarraco. Ваквата изведба дизајнерите на SEAT ја нарекуваат Coast to Coast, односно од еден брег до друг. Исто така, Leon ќе добие целосно-LED предни светла, а од SEAT потврдуваат дека ќе има и „динамична“ верзија од нив.
За прв пат, можеме малку да „ѕирнеме“ и во кабината на новиот Leon. Исто како и новите Golf и Octavia, и новиот Leon добива целосно дигитална кабина, па забележуваме еден голем екран пред возачот, со уште еден поставен на централната конзола. Околу целата предна табла е поставено црвено амбиентално осветлување, а ја добиваме и малата рачка од менувачот.
Премиерата на новиот Leon е закажана за 28ми Јануари. Ќе имаме трпение уште малку. :)