Скоро половина од продадените автомобили во Норвешка во 2019 биле електрични – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Скоро половина од продадените автомобили во Норвешка во 2019 биле електрични

Дури 42% од продадените нови автомобили во Норвешка минатата година биле електрични.

Зголемената популарност на електричните возила, како и дарежливите субвенции кои Норвешка ги обезбедува за ваквите автомобили ги прави да бидат навистина интересни за купувачите. Така, дури 42% од вкупно 142.381 возило продадено во Норвешка минатата година се електрични. Ова е интересно и значително зголемување во однос на 2018, кога 31% од продадените возила беа електрични.

За време на 2019, Tesla продаде дури 18.798 од своите возила во Норвешка, од кои дури 15.683 се Tesla Model 3. Tesla продаде најмногу електрични возила, но сепак не е најпродаван бренд во Норвешка – таа титула отиде кај Volkswagen и тоа со само 150 возила предност пред американскиот производител.

Ако ги следиме трендовите, во Норвешка може да се очекува дека оваа година дури 50% од продадените возила ќе бидат електрични. Властите во Норвешка имаат амбициозна цел  – а таа е до 2025 сите нови возила да бидат со нулта емисија на штетни гасови – односно електрични. Најпродавано електрично возило во 2019 беше токму Tesla Model 3, додека на второто место е Nissan Leaf.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.