ПРЕМИЕРА: 610-коњски врескачки атмосферски V10 и погон на задните тркала – Lamborghini Huracan EVO RWD! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: 610-коњски врескачки атмосферски V10 и погон на задните тркала – Lamborghini Huracan EVO RWD!

Во време кога полека но сигурно сите производители ги напуштаат атмосферците и одат кон турбо мотори, Lamborghini претстави нешто што е тврдоглаво олд-скул – Huracan EVO RWD!

Од Lamborghini кажуваат дека новиот Huracan EVO RWD „го става возачот во центарот на возачкото искуство“ – и едноставно, мораме да се согласиме. Приказната започнува со 5.2-литарскиот атмосферски V10 кој ги испорачува своите максимални 610 коњски сили на врескачки 8000 вртежи во минута и 560 Nm при 6500 вртежи во минута. Силата ја пренесува кон задните тркала преку 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка.

Благодарение на „исфрлање“ на системот за погон на сите четири тркала, Huracan EVO RWD е полесен за цени 33 килограми во однос на стандардниот модел. Тоа му овозможува спринт до 100 километри на час за 3.3 секунди (0.4 секунди повеќе од Huracan EVO, поради намалената тракција) како и спринт до 200 километри на час за 9.3 секунди. Максималната брзина останува иста како кај Huracan Evo – 325 километри на час.

Да, во ред – Huracan EVO RWD е поспор од својот брат кој „оди на сите четири“, но затоа е позабавен за возење. Тоа е постигнато и преку погонот кон сега оди само кон задните тркала, но и преку рекалибриран систем за контрола на тракцијата кој избегнува нагли интервенции. Според Lamborghini, интервенциите на новиот P-TCS систем се за 30% „помазни“ во однос на Huracan EVO.

Huracan EVO RWD ќе го препознаете по затегнатниот бодикит со нов преден сплитер, вертикалните перки во отворите за воздух, како и новиот заден браник со нов дифузер. Стандардно ќе доаѓа на 19-инчни тркала обвиени во специјални Pirelli P Zero пневматици. Доколку сакате, можете да нарачате 20-инчни тркала, како и карбон-керамички сопирачки и многу, многу други додатоци.

Поврзано:  Lamborghini не размислува за електричен суперавтомобил

Најдоброто од сè? Според најавеното, Huracan EVO RWD би требало да чини значителни 30-тина илјади евра помалку од Huracan EVO, во зависност од пазарот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.