Volkswagen продаде 250.000 електрифицирани возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen продаде 250.000 електрифицирани возила

Volkswagen се пофали дека до средината на Декември продаде вкупно 250.000 електрифицирани возила – а јубилејниот примерок е електричен e-Golf.

Јубилејниот e-Golf е во Pure White бела боја, и му беше испорачан на купувач во Wolfsburg. Само минатата година Volkswagen испорача преку 70.000 електрифицирани возила – околу 20.000 повеќе во однос на 2018. Според статистиките, токму е-Golf е најпопуларниот модел со 104.000 продадени примероци. Зад него е Golf GTE со 51.000 испорачани возила, Passat Variant GTE со 42.000 испорачани возила и e-up со 21.000 испорачани возила.

„Со 250.000 испорачани електрифицирани возила, брендот Volkswagen постигна значителен чекор кон нашата визија за карбон-неутрална мобилност. Нашите возила – особено новите возила од ID семејството – се одговорот на предизвиците на нашето време“ – изјави Јурген Штакман, член на одборот на Volkswagen одговорен за продажба и маркетинг.

Инаку, батеријата на e-Golf има капацитет од 35.8 kWh и му овозможува на електричниот автомобил да помине до 200 километри со едно полнење. Некои нивоа на опрема добиваат и посилен полнач со моќност од 7.2 kW, благодарение на кој e-Golf може да се наполни за помалку од шест часа. Со опција за брзо полнење на соодветна станица, 80% од батеријата можат да бидат наполнети за еден час.

Дополнително, електромоторот нуди 134 коњски сили и 290 Nm вртежен момент. Како резултат на тоа e-Golf достигнува 100 километри на час за 9.6 секунди, како и максималната брзина од 150 километри на час.

Дополнително, на крајот Штакман додаде дека следните 250.000 возила ќе бидат продадени во значително пократок рок и дека луѓето во Volkswagen се убедени дека иднината е електрична.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.