Во салонот на Audi во Скопје пристигнаа неодамна освежениот седан A4, како и големиот SUV со ознаката Q7.
Како што еднаш веќе пишувавме, Audi Q7 добива редизајниран преден дел, кој сега малку наликува на оној кај Q8. Добива и редизајниран заден дел со хромирана врска меѓу светлосните групи, како и освежена кабина со најновата генерација на инфо-забавниот MMI уред на Audi.
Големиот Q7 сега може да се нарача со активна анти-рол стабилизација – а тоа резултира со зголемен комфор, како и намалено навалување во свиоци.
Понатаму, може да се нарача систем за управување на тркалата на задната оска, кои ќе можат да се завртат до 5 степени, а секако тука е и адаптивната воздушна суспензија.
Слично како и Q7, и седанот А4 добива редизајниран преден и заден дел со поагресивен отвор на ладилникот и предни светла со нов облик. А4 стандардно доаѓа со LED светла, но купувачите ќе можат да нарачаат Matrix LED предни светла кои се целосно автоматизирани.
Задниот дел добива редизајнирани задни светла кои влечат инспирација од поголемиот А6, како и редизајниран заден браник.
За повеќе информации околу освежените модели на Audi, посетете го салонот на Audi во Скопје.