Новиот SEAT Leon пристигнува на 28-ми Јануари – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот SEAT Leon пристигнува на 28-ми Јануари

SEAT ја најави датата на лансирањето на целосно-новиот Leon – најновата, четврта генерација на супер-популарниот шпански хечбек ќе ја видиме на крајот на следниот месец.

Шпанскиот бренд кој е дел од Volkswagen групацијата објави кратко видео каде можеме да препознаеме неколку детали од новиот Leon. Она кое можеме да го видиме е дека Leon добива нов светлосен потпис во форма на LED предни светла, како и LED задни светла со динамични трепкачи и долга хоризонтална линија која ги спојува двата елементи.

Според Alejandro Mesonero-Romanos, директорот за дизајн во Seat „напредната технолгоија за осветлување е клучна за подобрување на дизајнот на едно возило. Во целосно новиот SEAT Leon, можевме ефективно да ги искористиме светлата за дополнително да го истакнеме веќе силниот карактер на автомобилот.“

Интересен – и храбар – детал е зборот „Hola“ кој се појавува кога ќе му се приближите на Leon. Токму со ваквите детали, SEAT кажува дека се гордее со своето шпанско потекло и шпанскиот дух на возилата. Понатаму, Leon ќе го следи трендот  на дигитализација кој веќе започна со новите Golf и Skoda.

Наскоро ќе знаеме повеќе!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.