Opel Corsa ја освои титулата AutoBest 2020, признанија и за Skoda, Mazda, Volkswagen и дизајнерот Luc Donckerwolke – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel Corsa ја освои титулата AutoBest 2020, признанија и за Skoda, Mazda, Volkswagen и дизајнерот Luc Donckerwolke

Новата Opel Corsa е изгласана за AUTOBEST 2020, европското признание за Best Buy Car of Europe односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена. Со вкупно 17.617 поени, новата Corsa го освои првото место за само 157 поени пред новата генерација на Peugeot 208.

Во проценти изразено, од вкупниот број распределени поени во финалето, разликата претставува само 0,2%! Škoda Kamiq се најде на третото место со вкупно 16.848 поени, само 612 поени помалку од новиот 208. Во вкупното рангирање следат Renault Clio и Nissan Juke.

„Финалето беше многу избалансирано. Сите финалисти се одлични примери за она што денес е најдобар автомобил за купување на нашиот континент. Мисијата на жирито не беше лесна, а разликата на подиумот е многу мала. Но, во секое натпреварување мора да има победник, а тоа е новата Opel Corsa, Best Buy Car of Europe“, рече Илиа Селиктар, претседател на жирито.

Оваа година Final 5 тестовите се одржаа на познатата F1 патека Istanbul City Park и околните патишта. Тоа беше најсложениот и најрелевантен пакет тестови досега направени во историјата на AUTOBEST. Со 31 застапена земја, AUTOBEST е најголемото независно автомобилско жири во Европа чии членови претставуваат повеќе од 95% од европската популација.

Наградата DESIGNBEST 2019 отиде кај Лук Донкерволке и го направи најновиот член на единствената DESIGNBEST алеја на славните на AUTOBEST посветена на најуспешните дизајнери на автомобили што ги имаме во индустријата. Белгијанецот во моментов е главен дизајнер на Hyundai Motor групата – вклучувајќи ја и Kia – откако првично беше ангажиран за Genesis, луксузната дивизија на Hyundai. Тој исто така има оставено свој белег во дизајнерските одделенија на Audi, Bentley и Lamborghini. На 54 години, Донкерволке е еден од најуспешните дизајнери во светот, подготвен да прифати нови предизвици предводејќи ја корејската група.

Поврзано:  Volkswagen ја објави првата скица од најмалото ЕВ, највероајтно ќе го носи името ID.Every1

Членовите на AUTOBEST жирито ја изгласаа Mazda Skyactiv-X за освојувач на TECHNOBEST 2019 наградата. Тргнувајќи по потешкиот пат, јапонските инженери конструираа и развија извонреден нов пристап на бензинските мотори со цел да гикомбинираат придобивките од дизел технологијата со предностите на бензинските мотори. Тие успеаја да ги надминат сите пречки кои тимовите специјалисти оддруги автомобилски компании се обидоа, но не успеаја. Skyactiv-X е одлична иновација која покажува дека моторите со внатрешно согорување можат да останат подолго давајќи му нова шанса на традиционално гориво.

За извонредниот придонес за поврзување на возачот и вештачката интелигенција во автомобилите, наградата SMARTBEST 2019 отиде кај Škoda за личниот асистент Laura. Достапен во моделите Kamiq и Scala, дигиталниот асистент контролиран со гласовни команди Laura целосно одговара на клучната филозофија на AUTOBEST: воведување нови, лесни за употреба технологии. AUTOBEST жиритон високо го цени фактот дека ова е резултат на сопствен развој на инженерите на Škoda, покрај тоа што ваквите системи обично доаѓаат од компании надвор од автомобилската индустрија. Тоа покажува дека автомобилите не мора нужно да бидат софтверски носители на технолошките компании.

Volkswagen ID.3 е освојувач на наградата ECOBEST 2019. Овој модел е прв кој е поставен на новата MEB платформа која се очекува да ја катапултира групацијата Volkswagen во ерата на електричните возила побрзо и повеќе од кој било друг производител на автомобили во светот. Започнувајќи со ID.3, MEB платформата ќе биде задолжена милиони електрични возила да се распространат низ целиот свет до 2025 година, покрај другите најавени соработки како онаа со компанијата Ford Motor, но и другите што ќе дојдат во иднина. ID.3 има огромна мисија да ја отвори оваа нова сага на Volkswagen, создавајќи ја следната легендата на ниво на Golf.

Европското AUTOBEST жири им се заблагодарува на читателите од цела Европа за поттикнување на проектот и службите за односи со јавноста во автомобилската индустрија за обезбедување на целосна поддршка во организирањето на средбите и спроведувањето на тестовите на новите производи.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.