ПРЕМИЕРА: BMW M2 CS – 450 коњски сили, погон на задните тркала и мануелен менувач! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: BMW M2 CS – 450 коњски сили, погон на задните тркала и мануелен менувач!

Вчера ги пренесовме деталите неофицијално – а денес ги имаме официјалните потврдени информации околу новиот BMW M2 CS!

Во суштина, она што инженерите на BMW го направиле е следното – го земале одличниот, 3-литарски турбо-бензинец со шест цилиндри во линија, и го ставиле во купето M2. Моторот испорачува моќни 450 коњски сили и 550 Nm вртежен момент, кои ги пренесува кон задните тркала преку шест степен мануеленвач, или преку 7-степен автоматски менувач со двојна спојка. Но не би го нарачале автоматикот, нели?

Ако го изберете „самоправскиот“ менувач (како што треба), тогаш бенчмаркот од 100 километри на час ќе пристигне за 4.1 секунда, додека со автоматикот потребни му се само 3.9. Максималната брзина е 280 километри на час. Како што веќе објавивме, M2 CS добива активен М диференцијал и адаптивна М суспензија (која за прв пат се нуди во М2). Понатаму, M2 CS добива и сопирачки со високи перформанси, па во предните тркала се кријат дискови со дијаметар од 400 милиметри, додека задните тркала кријат 380-милиметарски дискови за сопирачките. Оние кои сакаат конзистентност која е потребна на тркачките патеки можат да нарачаат M Carbon Ceramic сопирачки.

Кога сме веќе кај карбонот – од CFRP се направени предните крила, додека карбонски се предниот сплитер, задните спојлер и дифузер, како и страничните ретровизори. Ќе можете да го нарачате вашиот M2 CS во Alpine WHite, Misano Blue, Black Sapphire или Hockenheim Silver – но ние би ја избрале сината боја, очигледно. Кабината добива специјални M Competition седишта обвиени во кожа и алкантара, како и контрастни опшивки. Секако, има уште мал милион други детали…



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.