Баварците го подготвија M2 CS, со цел достоинствено да го прослават пензионирањето на еден од најинтересните и најзабавните автомобили кои во моментов се нудат на пазарот.
BMW M2 CS добива 3-литарски шест цилиндерски турбо-бензинец кој испорачува 450 коњски сили и 550 Nm вртежен момент (забележително повеќе од 410-те коњски сили со кои располага M2 Competition). Според најавеното, моторот би требало да се комбинира со мануелен менувач (Јес!) и да ги пренесува сите тие коњски сили кон задинте тркала. Бенчмаркот од 100 километри на час би требало да пристигнува за околу 4 секунди.
Понатаму, BMW M2 CS добива адаптивна М суспензија, спортски издувен систем, како и намалена тежина благодарение на интензивното користење на карбон за компоненти од автомобилот. Сега за сега немаме официјални информации околу намалувањето на тежината, но од карбон се изработени поклопецот на моторот, задниот спојлер, предниот сплитер, кровот, страничните ретровизори и уште неколку компоненти. Кабината добива спортски седишта обвиени во алкантара, мал милион спортски детали и уште неколку други ситници.
Неофицијални извори кажуваат дека M2 CS ќе се произведе во само 2200 примероци.
Извор: Jalopnik