Вечерно Кино: Двобој на два легендарни V12 суперавтомобили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: Двобој на два легендарни V12 суперавтомобили!

Се сеќавате ли како изгледаа и звучеа аналогните суперавтомобили од минатото? Ако вашиот одговор е не, ова видео ќе ве потсети на нив.

Составено во вид на лут двобој во стил на Американски Вестерн, видеото го прикажува вечното ривалство помеѓу „Разиграниот Коњ“ и „Налутениот Бик“ со два примероци од легендарните Ferrari 365 GTB/4 Daytona и Lamborghini Miura S „Millechiodi“. Актерите се Артуро Мерцарио (поранешен Формула 1 возач) и Валентино Балбони (главниот тест инженер на Lamborghini).

Погледнете го кратиок филм и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.