Динамичниот Rio GT-Line пристигна во салонот на KIA Моторс Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Динамичниот Rio GT-Line пристигна во салонот на KIA Моторс Македонија

KIA го нуди малиот Rio во динамична, GT-Line изведба која го прави компактниот градски хечбек да биде поинтересен и поспортски.

Rio можете да го добиете во GT-Line изведба со неколку различни мотори. Конкретниот примерок го носи 1.4-литарскиот атмосферски бензинец кој испорачува 100 коњски сили и 133 Nm вртежен момент. Со овој мотор, Rio забрзува до 100 километри на час за 12.2 секунди и постигнува максимални 176 километри на час.

Секако, можете да го нарачате Rio со 1-литарскиот T-GDI турбо-бензинец со 100 или 120 коњски сили, со што забрзувањето се скратува на 10.7, односно 10.2 секунди.

Инаку, Rio GT-Line се истакнува преку поспортските браници, црните детали околу целиот автомобил, црниот заден спојлер, хромираните завршетоци на издувниот систем, како и спортските детали во кабината. Сè на сè, изгледа интересно и привлечно – а конкретниот примерок можете да го погледнете во салонот на КИА Моторс Македонија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.