Британскиот бренд го претстави виртуелниот електричен хиперавтомобил, кој ќе може да го вози секој оној кој ја поседува играта Gran Turismo Sport.
Иако се работи за „невистински“ модел, Jaguar Vision Gran Turismo Coupe е футуристички хиперавтомобил кој со својот дизајн оддава почит кон историските C-Type и D-Type модели, но истовремено ја прикажува и насоката на дизајнот на претстојните модели на производителот.
Надворешниот дизајн на хиперавтомобилот комбинира прекрасно обликувани предни и задни крила со активни аеродинамични спојлери за поголема потисна сила. Ентериерот е целосно фокусиран кон возачот, а кабината е поделена на половина со „мост“ над кој е сместена рачката на менувачот.
Виртуелниот модел е погонуван од три електрични мотори со комбинирана сила од 1020 кс и 1,200 Nm вртежен момент. Првиот мотор е поставен на предната, а останатите два на задната оска. Тие му овозможуваат на хиперавтомобилот забрзување од 0-100 км/ч за помалку од две секунди и максимална брзина од над 322 км/ч.
Најновиот Gran Turismo виртуелен модел е создаден над суперлесна монокок шасија направена од композит од јаглеродни влакна и алуминиумски елементи, со 50:50 распределба на тежината која изнесува 1,400 килограми.