Денес во кафе-барот Синдикат на урбан начин беше официјано претставена новата Серија 1 на BMW.
Со новата Серија 1, BMW воведува многу новитети – меѓу кои и новата платформа која за прв пат се користи кај Серијата 1, и со која за прв пат Серијата 1 е примарно со погон на предните тркала. Ние веќе имавме одлична можност да ја возиме Серијата 1 на интернационалното лансирање во Минхен, во Јули оваа година – и тоа во моќната M135i изведба со преку 300 коњски сили и погон на сите четири тркала.
Новиот модел е веќе во продажба и неговата понудата опфаќа бензински и дизел мотори: 118i, 116d, 118d i 120d xDrive. Бензинските модели располагаат со мотор од 1,5 литри и 140 KC, додека пак дизел моделите располагаат со сила до 190 коњски сили. Моделите од третата генерација нудат значително поголем простор од претходниците со мала промена на надворешноста благодарејќи на врвната архитектура на BMW погон на предни тркала. Патниците на задните седишта ги чувствуваат главните придобивки, а истовремено се добива и поголем багажен простор.
За повеќе информации, можете да се обратите во салонот на M-Кар BMW во Скопје, а во меѓувреме, погледнете ги фотографиите.