Volkswagen го забрзува производството на новиот Golf 8 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen го забрзува производството на новиот Golf 8

Најновата, осма генерација на Golf официјално ќе биде претставена утре – но Volkswagen веќе го започна производството на новиот хечбек.

„Новиот Golf 8 е многу покомплексен од неговиот претходник, но успеавме да го скратиме времето потребно за производство за околу еден час“ – изјави одговорниот за производство во Volkswagen, Dr. Andreas Tostmann, и додаде – „Бидејќи новиот Golf 8 е од втората генерација MQB продукти, постигнавме значително намалување во трошоците за производство и стратегијата на нашата платформа се покажува како успешна. Тимот во Wolfsburg даде сè од себе за Golf 8 и процесите се многу поефикасни. Ова е огромен успех за сите нас и сакам да им се заблагодарам на сите вработени.“

Инаку, според најавите, првите примероци на Golf 8 ќе пристигнат во салоните во Германија и Австрија пред крајот на оваа година – односно на почетокот на Декември. Дури 8400 вработени во Wolfsburg работат на производството на Golf, а автомобилот е направен од повеќе од 2700 индивидуални делови и компоненти, како и 962 кабловски делови – кои вклучуваат 1340 метри кабли.

Колку за споредба, од Volkswagen кажуваат дека Golf 7 имал само 31 кабловски систем и малку под 100 метри кабли во автомобилот – што всушност кажува колку се напредни системите на новиот Golf.

Премиерата е закажана за утре.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.