Прашање? Што правите кога „во раце“ ќе ви падне теренско возило опремено со сериозни теренски пневматици? Па, барате екстремни теренски предизвици, секако!
Нашите пријатели од Еуроимпекс ни поставија интересен предизвик – да го земеме „службеното“ возило на Toyo Tires, опремено со сериозни, сериозни Open Country M/T пневматици, и да видиме каде ќе успееме да стигнеме со нив.
Како што би рекол еден леген-момент-само-дарен лик од една серија – предизвикот е прифатен! Седнавме зад управувачот на големиот Mitsubishi L200 и се упативме над Тетово, односно кон Попова Шапка.
Возевме, сè додека не заврши асфалтот. Потоа, се префрливме на правлив и каллив пат, па возевме сè додека не заврши и тој. Кога и тој пат веќе го снема, продолживме да возиме – бидејќи како што и самите се увервиме, за Open Country M/T скоро и да не постојат вистински пречки.
Какви пневматици се всушност Open Country M/T? Според она кое го кажуваат од Toyo, Open Country M/T се теренски пневматици кои се легендарни по својата издржливост, но и перформансите надвор од патот. Овие пневматици се дизајнирани да понудат управливост кога возите по асфалт, но вистински да блеснат кога патиштата стануваат калливи, снежни или карпести – или пак кога воопшто нема патишта!
Секако, ова значи дека ова се всушност пневматици наменети за екстремни услови – а токму на такви наидовме. Од остри камења, преку правливи патишта со големи дупки, па сè до калливи козји патеки, специјално-дизајнираните блокови на нагазната површина нудеа идеална тракција во сите услови. Мора да ги пофалиме и зајакнатите страници на пневматиците, кои ја подобруваат отпорноста на кинење и оштетување од удар. Дополнително, момците од Toyo истакнаа дека блоковите покрај тоа што нудат одлична тракција, се дизајнирани да овозможат само-чистење, со цел да се задржат перформансите на гумите.
Како што се искачувавме сè повисоко и повисоко, боите од летното зајдисонце ги правеа впетечатоците уште посилни и посилни. Природните убавини на овој регион правеа да ни застане здивот – а за да стигнеме онаму каде стигнавме, мораме да им се заблагодариме на Toyo Open Country M/T.
Всушност – фотографиите ќе раскажат многу повеќе. Погледнете како си поминавме со Toyo Tires!