Fiat 500X Sport добива супер-кул стајлинг, многу опрема и подобрена динамика – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat 500X Sport добива супер-кул стајлинг, многу опрема и подобрена динамика

Fiat го претстави новиот 500X Sport, кој ја комплетира гамата на 500X и ветува дека ќе биде знаменосецот на понудата.

Fiat 500X Sport добива нова, поспортска суспензија (која воедно е 13 милиметри поблиску до подлогата) со адаптивни амортизери со Frequent Selective Damping технологија, но добива и 19-инчни тркала обвиени во спортски пневматици во димензии 224/40/19. Под поклопецот се крие 1.3-литарски FireFly турбо-бензинец кој испорачува 150 коњски сили, а силата ја пренесува кон сите четири тркала преку автоматски менувач со двојна спојка. Од Fiat кажуваат дека управувањето е рекалибрирано за да се подобри прецизноста. Сето тоа резултира со автомобил кој има подобро забрзување, намалено подуправување и намалено надуправување.

500X Sport ќе биде достапен и со другите мотори кои Fiat ги нуди кај 500X – можете да добиете 1-литарски турбо-бензинец со 120 коњски сили, 1.3-литарски MultiJet со 95 коњски сили или пак 1.6-литарски MultiJet со 120 коњски сили.

Новата Red Seduction црвена боја е ексклузивна za 500X Sport, а спортскиот модел добива и детали во титаниум сива боја – рачките на вратите, додатоците во браниците, страничните ретровизори, итн.. Забележуваме и понагласени странични прагови и крила, како и заден браник со дифузер, двојни завршетоци на издувниот систем, LED светла, итн.. Кабината добива поспортски материјали и специјални Sport детали. Како дел од стандардната опрема, купувачите ќе добијат систем за препознавање на сообраќајни знаци, 7-инчен UConnect инфозабавен систем со Android Auto и Apple CarPlay, автоматска клима, темпомат, и уште мал милион други ситници.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.