ПРЕМИЕРА: Volkswagen му го отсече кровот на T-Roc и го претстави T-Roc Cabriolet! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Volkswagen му го отсече кровот на T-Roc и го претстави T-Roc Cabriolet!

Volkswagen го претстави T-Roc Cabriolet и се надева дека со несекојдневниот кросовер ќе привлече нова публика.

Volkswagen T-Roc Cabriolet ќе започне да се продава до крајот на оваа година и ќе се нуди само со два турбо-бензински мотори. Доколку сакате T-Roc Cabriolet ќе можете да изберете меѓу 1-литарскиот TSI турбо-бензинец со 115 коњски сили, или пак 1.5-литарскиот TSI со 150 коњски сили. Послабиот мотор ќе може да се добие со 6-степен мануелен менувач, додека помоќниот само со 7-брзински DSG со двојна спојка.

Инаку, ве излажавме – трансформацијата во T-Roc Cabriolet значи многу повеќе од само „осекување“ на кровот. Како што можеме да видиме, има само две врати, а измените продолжуваат со 37 милиметри зголемено меѓуоскино растојание и вкупно зголемување на должината за 34 милиметри. Додадени се зајакнувања со цел да се задржи цврстината на возилото, а платнениот кров се отвора за само 9 секунди и тоа при брзини до 30 километри на час.

Покрај двата мотори, купувачите ќе можат да изберат и меѓу два различни пакети на опрема – едниот е Style, кој доаѓа со 17-инчни тркала, амбиентално осветлување, можност за кожа во ентериерот и многу други додатоци, додека поинтересен е R-Line кој добива светла за магла, спортски седишта, спортски 17-инчни тркала и други додатоци. T-Roc Cabriolet добива безбедносни прегради кои се издигнуваат за делови од секунда во случај на превртување, како и дигитален панел со инструменти со перманентна Интернет врска и уште многу, многу повеќе.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.