Новиот Volkswagen Golf беше уловен за време на правењето на официјални фотографии.
Новиот Volkswagen Golf ќе биде претставен во Септември на Саемот на Автомобили во Франкфурт – но веќе неколку пати папарацо-фотографите го уловуваат германскиот хечбек пред неговата официјална премиера.
По она кое можеме да го видиме, новиот Golf го следи очекуваниот еволутивен пристап кон дизајнот – веднаш е препознатлив дека е Golf, но мораме да признаеме дека линиите се затегнати и модернизирани.
Сега за сега немаме повеќе информации, но Golf ќе го видиме официјално во Септември!
Извор: car.blog.br