Audi претстави верзија на e-tron со помала батерија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi претстави верзија на e-tron со помала батерија

Помалата батерија значи нијанса помала автономија, но и пониска цена.

Германскиот бренд ја проширува понудата на e-tron моделите, и тоа во форма на e-tron 50 quattro кој е поставен под постоечкиот e-tron 55 quattro.

Која е разликата? Помоќниот модел има батерија со капацитет од 95 kWh и има на располагање 402 коњски сили, додека „послабата“ верзија е со батерија со капацитет од 71 kWh и „само“ 308 коњски сили и 540 Nm вртежен момент. Преведено во перформанси, тоа значи 100 километри на час за рамно 7 секунди и максимална брзина од 189 километри на час. Инаку, Audi e-tron 50 quattro е цели 120 килограми полесен од помоќниот модел.

Audi e-tron 50 quattro ќе може да помине до 300 километри со едно полнење – околу 90 километри од верзијата со ознака 55. Истовремено, од Audi кажуваат дека електромоторот поставен на задната оска ќе биде задолжен за придвижување на електричниот SUV повеќето од времето, а предниот мотор ќе се користи само кога е потребен. Дополнително, e-tron 50 quattro стандардно ќе доаѓа со воздушна суспензија со цел да понуди одлична стабилност, како и динамично управување.

Audi e-tron 50 quattro ќе се произведува во фабриката на Audi во Белгија, а конечната цена ќе биде објавена наскоро. Ние имавме ексклузивна можност да присуствуваме на глобалното лансирање на Audi e-tron во Сан Франциско, минатата година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.