Škoda во Франкфурт ќе ги претстави Scala и Kamiq во специјално Monte Carlo издание – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Škoda во Франкфурт ќе ги претстави Scala и Kamiq во специјално Monte Carlo издание

Škoda ја зголемува понудата на Monte Carlo моделите – и во Франкфурт официјално ќе претстави Monte Carlo изведби на новите Scala и Kamiq.

Новите Scala и Kamiq Monte Carlo ќе добијат спортски детали, како и уникатна комбинација од (најверојатно) црвена боја на каросеријата на автомобилите и црна боја на кровот.

„Monte Carlo релито и Škoda имаат долга врска, која трае повеќе од 100 години“ – кажуваат од Škoda, и додаваат дека „Уште во 1912, односно во второто издание на ова рели, возила од Mlada Boleslav се најдоа меѓу натпреварувачите.“ Во далечната 1936-та година, Škoda Popular го освои првото место во својата категорија и истата година Škoda претстави ограничена серија од 70 возила кои беа директно инспирирани од победничкиот автомобил, кои за прв пат ја носеа ознаката Monte Carlo.

Monte Carlo верзиите ќе добијат и специјални ознаки, како и спортски додатоци. Сега за сега немаме официјални фотографии од новите модели, но сепак можеме барем делумно да претпоставиме како ќе изгледаат.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.