KIA подготви тркачки Stinger GT со 420 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KIA подготви тркачки Stinger GT со 420 коњски сили!

Уникатниот Stinger GT420 е базиран на пред-продукциски примерок на Stinger GT кој требало да биде уништен – но британската дивизија на KIA го претвори во тврдокорен тркач наменет исклучиво за тркачките патеки.

Тимот на KIA од Велика Британија соработуваше со техничкиот центар на Hyundai Motor Europe од Риселхајм на модификации кои вклучуваат специјални свеќички, K&N филтер за воздух, Milltek издувен систем кој нема катализатори, поголем ладилник за менувачката кутија, изменет софтвер на компјутерот, 19-инчни тркала со Pirelli Trofeo R пневматици, Еibach Pro спортски пружини и уште многу, многу модификации.

Резултат на сето тоа е тркачка верзија која се вика Stinger GT420 и која – погодувате – има 420 коњски сили. Моторот испорачува и 510 Nm вртежен момент, а автомобилот добива и сигурносен кафез и значително е работено на олеснување на автомобилот – кој сега е цели 150 килограми полесен од „цивилниот“ Stinger GT.

Интересен податок за конкретниот автомобил е дека се работи за првиот пред-продукциски примерок кој стигнал во Обединетото Кралство и се појави на супер-популарните Top Gear и The Grand Tour. Обично ваквите возила (бидејќи се пред-продукциски) не можат да бидат регистрирани за возење на отворени патишта и потоа се уништуваат. Сепак, луѓето од KIA Motors UK одлучиле да „го спасат“ овој примерок и да го конвертираат во Stinger GT420.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.