Ако барем за момент заборавивте на богатото наследство на Renault, инженерите и дизајнерите имаат одличен аргумент – електричниот e-Plein Air!
Renault e-Plein Air е електрична верзија на класичниот Renault 4 Plein Air од доцните 60-ти години на минатиот век. Автомобилот кој го гледаме денес е дискретно редизајнрана верзија од автомобилот кој беше направен за потребите на армијата. Сепак, армиското потекло на Plein Air не ги обесхрабри купувачите кои го препознаа шармот на несекојднвениот автомобил.
Под „кожата“ на e-Plain Air се компоненти преземени директно од електричниот Renault Twizy. Тоа значи дека e-Plein Air има автономија од околу 100 километри, но сега за сега останува само концепт. Нема никакви најави за евентуално пуштање во сериско производство, но искрено – се надеваме дека Renault ќе пушти барем ограничена серија од несекојдневниот концепт во сериско производство.
Tres bien, Французи, tres bien!