KIA Моторс Македонија ќе соработува со Sparkasse Leasing за можност на купување на нов автомобил – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KIA Моторс Македонија ќе соработува со Sparkasse Leasing за можност на купување на нов автомобил

Македонскиот импортер на возилата на KIA ја договори соработката со Sparkasse Leasing и ги објави условите за финансирање на нов KIA автомобил.

Од KIA Моторс Македонија кажуваат дека условите за набавка на нов KIA автомобил преку оваа соработка се минимално учество од 20% и каматна стапка од 4.5%. Периодот на отплата е 84 рати, и кажуваат дека сега повеќе од било кога купувачите ќе можат да ја исполнат својата желба за нова KIA. Промотивната акција започнува сега, а е најавено дека ќе трае до Септември оваа година.

Од KIA Моторс Македонија кажуваат дека секогаш целеле кон креирање реални можности и флексибилни решенија за своите клиенти – сето тоа со цел да постават и одржат долгорочни врски, а секако тука свој удел има и 7-годишната гаранција на KIA автомобилите.

Затоа – посетете ги салоните на KIA Моторс Македонија, или пак посетете ја нивната веб страница за повеќе информации

Извор: PR KIA



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.