Официјално отворен новиот салон на Volvo Cars Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално отворен новиот салон на Volvo Cars Македонија

Вчеравечер на гала-свеченост беше официјално отворен новиот дом на Volvo Cars во нашата земја.

Со новиот салон, шведскиот бренд во нашата земја доби дом каков што заслужува, и каков што му прилега. Салонот на Volvo Cars Macedonia е изграден според највисоките Volvo Retail Experience стандарди, и освен тоа што е салон за автомобили, замислен е да биде мал дел на Шведска кај нас.

На отворањето, имавме можност одблиску да видиме барем дел од автомобилите кои се дел од понудата на Volvo. Еден од нив беше и најновиот модел V60 во Cross Country изведба, а него го придружуваа V90 CC и целосната XC гама – XC40, XC60 и XC90.

Свое обраќање имаа директорот на продажба, Деан Јадровски и Даниел Тројак – менаџер на продажба за Адриа регионот.

„Да се претставува Volvo како бренд претставува огромно задоволство, но истовремено е огромен предизвик и обврска. Токму за да одговориме на ваквиот предизвик, ја направивме оваа инвестиција која претставува клучен чекор напред за позиционирањето на Volvo како бренд на нашиот пазар и фаќање на чекор со најновите светски стандарди за продажба на возилата од премиум брендовите. Новиот салон ги исполнува највисоките стандарди на Volvo Cars, тимот кој го води Volvo во нашата земја е висококвалификуван и искусен и веруваме дека сето ова ќе произведе одлични резултати. Се надевам дека со сите вас од утре повторно ќе се видиме во нашиот салон како би станале горди сопственици на најдобриот автомобилски бренд во светот – Volvo“ – изјави Јадровски.

Им честитаме на нашите пријатели од Премиум АГС за новиот салон, и им посакуваме многу, многу успех во работата и многу продадени автомобили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.