ПРЕМИЕРА: Alpine го претстави поекстремниот А110S – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Alpine го претстави поекстремниот А110S

Хардкор-верзијата на Alpine A110 ја носи ознаката A110S и доаѓа со ревидирана шасија, зголемена моќност и карбонски кров.

Луѓето од Alpine кажуваат дека A110S е „интензивен спортски автомобил“ – и навистина, има зошто. Приказната започнува со зголемена моќност на 1.8-литарскиот турбо-бензинец кој сега испорачува  292 коњски сили и 320 Nm вртежен момент (45 коњски сили повеќе од стандардниот модел), но продолжува со големи Brembo сопирачки со дискови со дијаметар од 320 милиметри, ревидирана суспензија, 18-инчни GT Race тркала обвиени во Michelin Pilot Sport 4 пневматици, како и карбонски кров.

Кабината добива Sabelt спортски седишта, карбонски детали, алуминиумски педали, Focal аудио уред, како и нов управувач. Со сите додатоци и измени, 1114 килограми тешкиот Alpine A110S забрзува до 100 километри на час за само 4.4 секунди и постигнува максимални 260 километри на час.

Според Jean-Pascal Dauce – главниот инженер во Alpine – „новиот A110S има целосно различен карактер од A110 и шасијата го прави да биде многу фокусиран спортски автомобил каде стабилноста на високи брзини и прецизното управување се неговите дефинирачки карактеристики.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.