Нашите пријатели од Еуроимпекс направија специјална акциска понуда за моделите Peugeot 208 и 2008 – за која кажуваат дека има сè!
Моделите 208 и 2008 се особено привлечни на нашиот пазар. Peugeot 208 е компактно градско возило кое преку дизајнот и францускиот шарм се издвојува од останатите во сегментот. Од друга страна, Peugeot 2008 е најмалиот во гамата на SUV возила на францускиот бренд, а истовремено е урбано и моќно возило кое се издвојува од толпата со неговиот самоуверен дизајн и е создаден да совлада сè!
Со цел на исполнување на слоганот кој го носи оваа кампања ИМА СÈ, во опремата се вклучени богати системи за безбедност и помош при возење, дополнителни елементи за удобност и комфор на возачот и патниците, како и:
- патен компјутер
- Автоматско заклучување на возилото при тргнување
- Висинско подесување на возачко седиште
- Преклопна и деллива задна клупа 2/3 – 1/3 со 3 наслони за глава, 2 ISOFIX приклучоци за седиште
- Рачки и ретровизори во боја на возилото
- Hill Assist
- Заден спојлер
- Електрично подесиви ретровизори со загревање
- 3D LED задни светла
- LED дневни светла
- Мануелен клима уред
- Touch screen + 6 звучници + команди на управувач + USB + Bluetooth + USB и AUX излез
- Управувач пресвлечен со кожа
- Предни светла за магла
- и многу повеќе…
За повеќе информации обратете се во продажно-сервисната мрежа на Peugeot или на www.peugeot.com.mk и закажете тест возење.
Повеќе за понудата на: https://peugeot.mk/ponudi/active-drive
Извор: PR Peugeot