Новиот кросовер на KIA ќе добие целосно-дигитална инструмент табла.
„Новиот Supervision дигитален панел со инструменти е само еден дел од новите технологии кои ќе бидат достапни кај новиот XCeed“ – изјави главниот извршен директор во Kia Motors Europe, Emilio Herrera, и додаде дека панелот „ќе нуди многу функционалности, особено кај повисоко-опремените модели, и дека ќе има важна улога во прикажување важни информации на возачот, но на јасен и ненаметлив начин.“
Дигиталниот инструмент-панел користи 12.3-инчен дисплеј со резолуција од 1920х720, и ќе нуди многу функционалности – од инструкции за навигацијата, па до информации за телефонски повици и многу, многу повеќе. Можеме да забележиме дека прикажува кое е ограничувањето на брзината на моменталната делница од патот, режимот на возење и други ситници.
Новиот XCeed наскоро ќе му се придружи на Ceed семејството, и со оглед на популарноста на кросоверите очекуваме привлечниот и модерен кросовер да биде вистински хит меѓу купувачите.