Продадени 200.000 примероци од новиот Citroën C3 Aircross – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Продадени 200.000 примероци од новиот Citroën C3 Aircross

Францускиот бренд се пофали со популарноста на своите компактни модели – C3 е продаден во 600.000, а C3 Aircross во 200.000 примероци!

Од Citroën кажуваат дека C3 и C3 Aircross се вистинска успешна приказна. Третата генерација на C3 се наметна како убедлив бестселер на францускиот бренд, а C3 e третиот најпродаван автомобил во Франција и четвртиот најпродаван автомобил во својата класа ширум Европа. Нас особено нè радува дека интересот за малиот C3 воопшто не стивнува – од почетокот на годината се направени повеќе од 110.000 нарачки.

Сличен е успехот и на Citroën C3 Aircross – кој беше лансиран пред нешто повеќе од година и половина, и веќе е продаден во повеќе од 200.000 примероци. Од Citroën се пофалија дека бројот на нарачки за Citroën C3 Aircross е зголемен за не-баш-занемарливи 16% во однос на истиот период минатата година. Ова го прави C3 Aircross втор најпродаван модел на Citroën – веднаш по C3.

Ние веќе се уверивме во квалитетите на популарните француски модели кога имавме можност да ги тестираме – прочитајте ги нашите тестови на Citroën C3, како и Citroën C3 Aircross. Истовремено, ќе ја искористиме оваа можност да истакнеме дека 100-годишнината на Citroen се прославува и кај нас, со промотивни попусти и пакети на опрема за кои можете да дознаете повеќе во салоните на Citroën, како и на Citroen.com.mk.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.