ПРЕМИЕРА: Audi го претстави новиот А6 Allroad – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi го претстави новиот А6 Allroad

A6 Allroad доаѓа со адаптивна воздушна суспензија и три варијанти на 3-литарскиот V6 турбодизел.

Мислите дека рецептот за Allroad е едноставен? Не баш – Allroad моделите на Audi веќе 20 години нудат вистинска алтернатива на супер-популарните разно-разни SUV модели. Рецептот започнува со пластични заштитни панели околу целиот автомобил, заштитни панели под автомобилот, како и зголемено растојание од подлогата.

На сето тоа додаваме адаптивна воздушна суспензија кој автоматски се прилагодува кон брзината и режимот на возење. Во Auto или Comfort, A6 Allroad е оддалечен од подлогата цели 139 милиметри.

Кога ќе излезете сo A6 Allroad на автопат и ќе возите побрзо од 120 километри на час, суспензијата ќе го приближи големиот A6 Allroad поблиску до подлогата за дополнителни 15 милиметри. Offroad режимот ја зголемува оддалеченоста од подлогата за 30 милиметри, а максималната брзина е ограничена на 80 километри на час. Одберете го највисокиот режим и оддалеченоста од подлогата се зголемува за дополнителни 45 милиметри, но максималната брзина е ограничена на 35 километри на час.

A6 Allroad ќе се нуди со три варијанти на 3-литарскиот V6 TDI со лајт-хибрид технологија. Основната изведба доаѓа со 231 коњска сила и 500 Nm вртежен момент. Чекор погоре е верзијата со 286 коњски сили и 620 Nm вртежен момент, додека на самиот врв е верзијата со 349 коњски сили и 700 Nm вртежен момент. Основната верзија забрзува до 100 километри на час за 6.7 секунди и постигнува максимални 250 километри на час. Врвната верзија (која ја носи ознаката A6 Allroad quattro 55 TDI) го прави спринтот „до стотка“ за само 5.2 секунди и ја има истата (електронски ограничена) максимална брзина.

Поврзано:  Пристигна новиот Audi A5!

Секако, силата се пренесува кон сите „ќошеви“ преку 8-брзински tiptronic автоматски менувач и легендарниот quattro погон на сите четири тркала. Купувачите ќе можат да нарачаат и спортски диференцијал за задната оска.

За оние кои сакаат славенички автомобил, тука е 20 Years Allroad специјалната серија која може да се добие во три бои на екстериерот, а добива и засебни 19-инчни тркала, Black пакет, спортски седишта обвиени во алкантара, како и многу детали од алуминиум во кабината.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.