Погледнете како електричниот Mini Cooper SE влече авион – и тоа ни помалку ни повеќе – Боинг 777!
Инженерите од MINI се неверојатно горди на новиот електричен Cooper SE – и ја искористија можноста „да се пофалат“ дека може да влече Boing 777F товарен авион кој тежи окол 150 тони!
Точните спецификации не се потврдени, но се очекува MINI Cooper SE да добие електромотор со моќност од 184 коњски сили и батерија со капацитет од 44.2 kWh, кои би овозможиле автономија од околу 270 километри со едно полнење.