Иџе најави дека ќе настапува на TCR првенството во Италија, но и дека ќе се појави – и можеби ќе учествува – на трки во Македонија!
На денешниот состанок со медиумите, Иџе зборуваше за реалните проблеми со кои се соочува при настапите на TCR трките ширум светот и најави дека ќе учествува нa TCR шампионатот во Италија.
Иџе зборуваше за огромните трошоци, но и задоволството при секој добар резултат. Најави дека ќе направи сè што може да го развие нашето знаме и да се слушне нашата химна на секоја трка на која ќе учествува.
Викендов тој имаше настап во Италија на тамошниот TCR шампионат, каде повторно „го извади“ неговиот Leon Cupra TCR и стигна до четвртата позиција. Иџе најави дека во остатокот од оваа сезона ќе го вози неговиот Hyundai i30N TCR. Тој покрај возењето во Италија – која ја нарече дом на трките – најави свој настап и на трки во Германија, итн.
Му посакуваме среќа на Иџе!