BMW го претстави славеничкиот M5 Edition 35 Years – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW го претстави славеничкиот M5 Edition 35 Years

Баварскиот бренд го слави 35-тиот роденден на легендарниот M5 со специјалниот M5 Edition 35 Years.

Славеничкото издание е базирано на M5 Competition и го користи истиот 4.4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 620 коњски сили и 750 Nm вртежен момент – благодарение на кој големиот спортски седан катапултира до 100 километри на час за само 3.1 секунда, односно 200 километри а час за 10.8 секунди.

Сепак, специјалната едиција не би била доволно специјална ако не добие некои уникатни детали – а тие започнуваат со специјалната BMW Individual Frozen Dark Grey II боја (кажете го ова 5 пати брзо, како BMW брзозборка), 20-инчни M тркала во графинто-сива боја, црни шепи на сопирачките и уште неколку ситни детали.

Кабината добива M спортски седишта обвиени во BMW Individual Merino црна кожа, но вниманието го задржува интересната централна конзола, која за основа користи алуминиум и карбон, а врз тоа е анодизирана златна боја. Истите материјали се искористени и за вратите. Кабината ја дополнува најновата генерација на iDrive со 12.3-инчен дисплеј за инструментите и 10.3 инчен дисплеј на централната конзола.

Купувачите стандардно ќе ги добијат и Executive Пакетот, како и M Driver’s Пакетот – кој вклучува повисока максимална брзина (од 250 на 304 километри на час) и ваучер за обука во еден од BMW Performance центрите.

Среќен роденден BMW M5!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.