BMW полека но сигурно ја открива новата Серија 1 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW полека но сигурно ја открива новата Серија 1

Баварците ја откриваат новата Серија 1  – која најверојатно ќе ја видиме во целосно светло до крајот на месецов.

Новата Серија 1 на BMW со себе носи многу промени. Прво и основно  – доаѓа со целосно нов дизајн и влече инспирација од поновите и поголеми модели на брендот. Секако, тука се и сите нови технологии кои ги нуди баварскиот бренд  – но со новата Серија 1 има уште еден многу важен новитет – а тоа е новата платформа која примарно е со погон на предните тркала, а ќе бидат достапни и верзии со погон на сите четири тркала.

На самиот почеток се очекува врвната верзија да ја носи ознаката M135i xDrive и да користи 2-литарски турбо-бензинец кој ќе испорачува околу 300 коњски сили и 450 Nm вртежен момент. Оваа верзија ќе користи автоматски менувач и ќе ја пренесува силата кон подлогата преку сите четири тркала. Всушност, најверојатно токму таа верзија е прикажана на носечката фотографија погоре.

Новата „Единица“ (или новиот „Кец“, како сакате) се очекува да ја здогледа светлината на денот до крајот на овој месец, односно на 27ми Мај. Саемското деби е закажано за Саемот на Автомобили во Франкфурт, а продажбата би требало официјално да започне пред крајот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.