Од Citroen кажуваат дека 19_19 е дизајниран и конструриан со цел да ја покаже визијата на брендот за „ултра-кофмор“. И изгледа како да е дојден од вселената.
Концептот ќе биде покажан на VivaTech во Париз утре, но ние веќе ги имаме сите детали. Електричниот концепт користи два електромотори, погон на сите четири тркала и испорачува 456 коњски сили и 800 Nm вртежен момент – а сето тоа се преведува во 100 километри на час за рамно 5 секунди, максимални 200 километри на час и автономија од 800 километри!
А да, и поставен е на 30-инчни тркала.
Инаку, концептот добива цела лепеза на автономни технологии, но можеби најинтересна е суспензијата која прави 19_19 да изгледа како да лебди. Концептот користи иновативен систем кој ги користи Прогресивните Хидраулични Перничиња, но и паметен систем за активна контрола на суспензијата, кои во комбинација на патниците им нудат чувство како да се на „магичен ќилим“.
Кабината на 19_19 е замислена да биде како „дневна соба“ – па седиштата се нагодуваат во мал милион позиции во зависност од тоа што сакаат патниците. Пристапот е лесен благодарение на вратите со шарки на задната страна, а целата кабина делува истовремено и футуристички и супер-комфорно.
Citroen успешно се враќа на своите корени – и се радуваме за тоа!