Македонска промоција на освежената BMW Серија 7, големиот X7 и супер-спортската Серија 8! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонска промоција на освежената BMW Серија 7, големиот X7 и супер-спортската Серија 8!

Вчеравечер на ексклузивен настан во Скопје беа промовирани трите новитети на баварскиот бренд – фејслифтираната „Седмица“, големиот X7 и луксузната и супер-спортска „Осмица“!

Новитетите на BMW едноставно доминираат со својот дизајн – но и со високите технологии и перформансите. На гостите вчеравечер им беа покажани освежената Серија 7, новиот и најголем член на X-семејството на BMW – монолитскиот X7, како и супер-спортското купе – Серија 8.

Серијата 7 со неодамнешното освежување ги доби сите најнови технологии на брендот, многу повеќе звучна изолација, но и нов мотор. Големиот X7 е наменет за оние на кои им е потребен голем супер-луксузен SUV со 7 седишта – но нам највеќе вниманието ни го задржа токму новата „Осмица“, која беше во (сега за сега) врвното M850i издание – а тоа значи 4.4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 530 коњски сили и 750 Nm вртежен момент.

Во одлично расположение и воодушевени од моќните автомобили, присутните гости на официјалната промоција – највлијателната македонска бизнис елита како и вип претставници од политичкиот живот и дипломатскиот кор – уживаа во несекојдневното премиум искуство. Покрај промоцијата на авангардните автомобили, програмата вклучуваше кратка елегантна изведба на балетот „Лебедево езеро“ на Чајковски, како и рафиниран музички перформанс во духот на претставениот луксузен сегмент на брендот BMW.

Специјален гостин на настанот беше македонската музичка легедна, Влатко Стефановски, кој придонесе за неспоредлива енергија на настанот и со посебна стихотворна изведба – преработка на оргиналната реклама, сликовито го претстави сосема новиот BMW 8 Coupe.

Претставените модели се веќе во продажба. Понудата на мотор за новиот BMW 7 опфаќа бензински и дизел мотори со шест, осум и дванаесет цилиндри, како и сосема нов хибриден погонски систем. Кај новиот BMW X7 ќе бидат достапни BMW X7 xDrive40i, BMW X7 xDrive30d, BMW X7 M50d.

BMW 8 Coupe доаѓа со две агрегатни опции: 840xd koj има познат 6-цилиндричен BMW дизел мотор и е единствен дизел во класата со моќност од 320 КС и забрзување од 4,9 с до 100 км / ч, а 850xi има нов V8 twin бензински мотор со 530 КС и забрзување од 3,7 с до 100 км / ч.

Поврзано:  Manhart MH3 Touring е доказ дека на светот му требаат повеќе каравани со повеќе од 800 коњски сили!

Навистина – доволно зборуваме, уживајте во видеото и фотографиите!

Видео

Фотографии



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.